Николовски: Со Меморандумот за земјоделството со Бугарија ќе освојуваме странски фондови

Вести

„Потпишавме меморандум за соработка со Министерството за земјоделие од Бугарија кој опфаќа точни чекори кои ќе се имплементираат. Работната група која произлегува од Меморандумот ги покрива сите области, со фокус на искористување на ИПАРД и ИПА фондовите, пренос на нивнотно знаење, реформи во шумарството и ловството, земјоделските политики, рурален развој“ кажа министерот за земјоделство, Љупчо Николовски во вестите на Сител ТВ.

Тој додаде дека во вторник, работната група во која членува тој, како министер за земјоделство, ќе ја оствари првата седница. Во таа работна група се вклучено секторите за економија, индустрија, земјоделие и иновации.

 

„Од рамките на оваа работна група, произлегоа два од трите меморандуми што беа потпишани. Едниот од нив беше за малите и средни претпријатија, а вториот за земјоделие. Сметаме дека сме подготвени за конкретна реализација и токму затоа ова е првата група која ќе почне со работа во вторник во Скопје“ кажа Николовски.

Тој додаде дека веќе се зборува за конкретни проекти, а освен овие два меморандума потпишан е и меморандумот за железничко поврзување.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *