Николовски: Со новиот Закон, ПРИВАТНОТО земјиште што не се обработува со години, државата ќе може да го дава под концесија

Вести

Министерот Николовски информираше дека со новиот Закон за земјоделско земјиште, напуштеното приватно земјиште, односно приватното земјиште што не се обработува со години, државата ќе може да го дава под концесија.

„Со измените во Законот за земјоделско земјиште нема да се навлезе во приватната сопственост на граѓаните, но државата сепак ќе може да го дава под закуп земјиштето кое не е обработено со години. Ова е најголема реформа во земјоделството, ги користиме сите ресурси за да може да произведеме доволно храна во вакво време на светска криза.
Сега, со новиот Закон по службена должност ќе ги евидентираме сите земјишта. Доколку земјиштето не се обработува се категоризира како напуштено, не се одзема сопственоста, но се создава можност државата да го даде под концесија од кои 80% од закупнината која се остварува веднаш ќе се префрли на сопствениците, а 20% се предвидени за административни трошоци во Буџетот на државата.“, рече Николовски.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *