Николовски: Со правична распределба кај вистинските земјоделци го ставаме во функција целокупното земјоделско земјиште

Вести

Денеска, во Прилеп, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со заменик министерот Трајан Димковски, ги доделија првите договори за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари за последните два јавни повици.

„Министерството ќе биде отворено за сите земјоделци, како што го отворивме во 2017 – та година, но и ние сѐ повеќе, секој ден ќе бидеме на терен. Карванот на Министерството заедно со сите сектори е тука денеска, во посета на Прилеп, за да ги доделиме првите договори за земјоделско земјиште. Потпишани се 900 договори, тоа е огромна бројка на склучени договори со кои ќе се стави во функција земјоделско земјиште од неколку илјади хектари низ целата држава, во различни региони. Околу 500 хектари, се овде во Прилеп, за кои се склучени 232 договори. Првите договори имавме чест да ги доделиме денеска, овде во Прилеп, бидејќи овде се склучени најмногу договори. Продолжуваме со праксата земјоделското земјиште да биде ставено комплетно во функција, да биде во рацете на вистинските земјоделци и да се зголеми производството. Продолжуваме да се грижиме за земјоделците, како преку креирање на мерки и политики, така и преку она што сме го ветиле уште во 2016- та година, а тоа е да дојде земјата во вистинските раце, кај вистинските земјоделци“ изјави Николовски.

 

При тоа, министерот посочи дека се подготвуват нови огласи и повици, се прават сите анализи за да се отворат нови можности земјоделското земјиште да биде ставено во функција на развојот и да биде помош и поддршка за земјоделските стопанства и за земјоделците од сите региони.

 

Николовски потенцираше дека праксата на директни средби и контакти со земјоделците продолжува и понатаму, за да се слушнат проблемите, предлозите, идеите и размислувањата на земјоделците бидејќи тие најдобро знаат со што се соочуваат и посочи дека целта е заеднички да наоѓаме решенија, и тие да се вградат во годишните програми и во политиките што ќе ги креира Министерството.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *