Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во петокот имаше работна средба со претставниците од Проектот за заштита на природата во Македонија на која се зборуваше за нивно вклучување и поддршка во реформите планирани за шумарството.
-Со реформите во секторот шумарство создаваме услови за одржливо управување со шумските ресурси. Реформите ќе опфатат 3 столба:
➡ формирање на Агенција за шумарство
➡ трансформација на ЈП Македонски шуми во ефикасен систем за управување со шумите
➡ реформа на целокупниот систем за зачувување на шумите, истакна Николовски.
Проектот е финансиран од швајцарската агенција за развој и соработка „SDC“, а следната година ќе се дефинираат модалитетите за соработка во делот на обезбедување на експертиза.
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство