Николовски: Создаваме конкурентно земјоделско производство

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, постојано е на терен и ги следи сите активности кои започнаа да се реализираат а се од големо значење за земјоделството во државата. Имено, Николовски е еден од најпосветените министри, на кого работните активности, наместо во канцеларија, почесто му се на терен,  во интерес за земјоделците и за креирање на позитивна земјоделска политика во државата. 

-Реализираме капитални проекти, ги зголемуваме наводнуваните плодни површини, создаваме конкурентно земјоделско производство, истакна Николовски.

Дел од успешните проекти на МЗШВ се:

Обезбедени уште 23 милиони денари за Јужновардарска долина и нови 20 милиони евра за капитални проекти од водостопанството
Сe гради системот за наводнување „Равен – Речица“ – инвестиција од 975 милиони денари, која ќе овозможи наводнување на над 3.300 хектари во полошкиот регион
Се гради браната Конско, инвестиција од 40 милиони евра – најголема во последните 50 години за гевгелискиот регион. Наводнуваните површини ќе се зголемат од 1.500 на 8.000 хектари
Со системот за наводнување од Удово до Страиште, ќе се наводнуваат нови над 2.000 хектари во валандовско
Браната на Оризарска река ќе го реши водоснабдувањето во Кочани, Виница и Чешиново-Облешево
Се проектираат 3 од 8 мали системи за наводнување, со 1,8 милиони евра од европската ИПА 2015 програма
Реконструкцијата на системот за наводнување Врсаково во штипско, со инвестиција од 40.000 евра

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *