Николовски: Србија ја донесе Одлуката за извоз на два милиона литри масло за јадење во во земјава

Вести

На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење. Одлуката е објавена денеска.

 

Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата” за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорите, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Како што рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за набавка на педигриран добиток, храна, брашно и зејтин има, нема потреба од паника и складирање резерви во домаќинствата.

-Процесот е почнат, околу 2 000 тони се веќе одобрени, продолжуваме со комуникацијата со Србија и регионот во рамки на „Отвроен Балкан”. Храна, брашно и масло има доволно, направен е увид во залихите. Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренусваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат, рече Ниоловски.

Се прават сите напори, нагласи министерот уште еднаш, за обебзедање доволно суровини и производи стратешки за државата. /МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *