Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на Изложба на автохтони семиња „Стари сорти за врвни органски производи“ и промоција на органски производи која се одржа во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.
-Автохтоните сорти на семиња се одлична основа за органското и конвенционално производство, кое бара многу помала заштита од болести и штетници и дава квалитетен и поефтин производ. Старите сорти земјоделски производи се наше национално богатство кое треба да го негуваме и чуваме, истакна Николовски.
Во Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2019 година воведена е посебна мерка.
-Воведовме посебна мерка за поддршка за одржување на автохтони сорти, преку која се поттикнува нивно зачувување и се поддржува развојот на семејните бизниси кои работат во оваа област, рече Николовски.
Обраќања на изложбата имаа и заменик-амбасадорот на Швајцарија Стефан Томажан, градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Герогиевски и директорот на Управата за семе и саден материјал, Хилми Гаши.
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство