Николовски во Црна Гора ги пренесе придобивките од Отворен Балкан и успешната ИПАРД приказна

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера престојуваше во посета на Црна Гора, каде што оствари средба со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и вицепремиерот и министер за земјоделство, Владимир Јоковиќ.

Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Од Министерството истакнуваат дека целта на посетата е споделување на нашата успешна ИПАРД приказна и придобивките од иницијативата Отворен Балкан

Министерот Николовски посочи дека нашата земја е подготвена да и помогне на Црна Гора во посилно повлекување на средства од ЕУ фондовите, преку споделување на нашите искуства за успешноста на ИПАРД 2 програмата.

Можно е да е слика од 8 луѓе, луѓе што стојат и внатре

„Северна Македонија и Црна Гора немаат никакви отворени прашања, но имаат огромен простор да ја зголемат соработката, комуникацијата и испораката на резултатите кон граѓаните. Токму затоа денеска разговаравме и со потпретседателот и со премиерот Абазовиќ на две теми, шампионската улога на Северна Македонија во искористеноста на ИПАРД 2 средствата во износ од 60 милиони евра односно 98 отсто од целокупниот буџет и со реализирани над 2000 договори“, изјави министерот Николовски.

Можно е да е слика од дрво и природа

Абазовиќ истакна дека посетата на Николовски е дополнителен импулс за посилна соработка помеѓу нашите земји, особено во земјоделскиот сектор и производството на храна.

„Покрај туризмот и енергетиката, земјоделството е со најзначаен потенцијал за експанзија. Целта ни е максимално да ја искористиме таа можност во наредниот период, изјави премиерот Абазовиќ.

Црногорскиот министер за земјоделство, Јоковиќ, упати благодарност до Николовски за пренесување на нашето искуство.

„Северна Македонија е регионален пример во поглед на искористеноста на фондовите од ЕУ за развој на земјоделството и поттикнување на производството. Црна Гора сака да ги усвои и примени македонските добри практики. Благодарни сме на македонските пријатели на подготвеноста да не поддржат“, изјави Јоковиќ.

Втората тема на која се разговараше денеска беше иницијативата Отворен Балкан.

„Верувам дека во многу скоро време Црна Гора ќе биде новата земја членка на Open Balkan и дека граѓаните на Црна Гора ќе ги осетат и ќе ги добијат придобивките коишто ги имаат сега македонските граѓаните и граѓаните на Албанија и на Србија“, нагласи министерот Николовски и при тоа ги образложи сите позитивни резултати од отворените граници како и идните планови за нови иницијативи кои уште повеќе ги доближат земјите членки кон остварување на нови придобивки.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *