Николовски: Во следните две години заеднички со Словенија, ќе работиме на акредитирање на нови мерки за ИПАРД

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше средба со министерката за земјоделство, шумарство и храна, на Република Словенија, Александра Пивец.

-Во следните две години заеднички со Словенија, ќе работиме на акредитирање на нови мерки за ИПАРД, зголемена поддршка за младите земјоделци, формирање задруги и развој на шумарството, истакна Николовски.

Во рамки на оваа соработка Словенија, се согласи да ја продолжи техничката поддршка на Македонската Платежна агенција (АФПЗРР).

-Овие активности се дел од Акцискиот план 2019-2020, кој ќе го потпишеме на утрешниот работен состанок во Струга, рече Николовски.

Овие се само дел од темите на кои разговараа министерот Љупчо Николовски, со министерката за земјоделство, шумарство и храна, на Република Словенија, Александра Пивец.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *