Николовски во СОС Детско село: Децата се нашата иднина, секое од нив заслужува среќно и исполнето детство

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски со дел од кабинетот, ги посетија децата сместени во СОС Детското село. Во рамки на посетата, директорката на програми на СОС Детското село Александра Ивановски заедно со вработените,  го запознаа министерот Николовски со принципот на работа на оваа меѓународна невладина организација  која што работи на заштита и грижа за децата кои ја загубиле, или се изложени на ризик да ја загубат родителската грижа. Министерот Николовски ја искористи посетата да донира финансиска помош од негово лично и од името на кабинетот, односно беа донирани дел од дневниците на министрот и на кабинетот за службени патувања, за децата од СОС Детското село.

„Децата се нашата иднина, секое од нив заслужува среќно и исполнето детство, еднакви услови за раст и развој. Многу ми е драго што и јас, и останатите претставници од нашето министерство имаме можност да дадеме придонес и да им го разубавиме секојдневието на децата од СОС Детско село“, порача Николовски.

Раководството на СОС Детско село му додели на министерот Николовски и на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, благодарница за хуманост и исклучителна поддршка.

Инаку во МЗШВ веќе има ангажирано дете кое е пораснато во СОС Детско село и е студент на Шумарскиот факултет. Министерството и во иднина ќе остане отворено да им даде можност за напредок на ваквите квалитетни кадри и ќе ја продолжи поддршката во форма на донации не само со СОС Детското село туку и со другите згрижувачи на  деца.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *