Направивме многу за земјоделството за кратко време и горд сум на тоа. Но можеме уште повеќе и можеме уште подобро. Во новиот мандат имаме големи планови за македонското земјоделство.
Нафтата што се користи за земјоделска механизација ќе биде 100% покриена од државата како подршка за земјоделците. 100% покриена Зелена Нафта!
Земјоделците годишно ќе добиваат 200 милиони евра за нивната дејност и за рурален развој, а во руралните средини ќе ги подржиме микро и малите претпријатија со по 10.000 евра за нивно развивање.
Мораме да одиме напред. Во големото друштво на Европската Унија мора да си го најдеме нашето место. А земјоделството е една од гранките што носи такви предности. Она што ќе не направи достојни за тоа друштво и она што ќе ни даде вредност, ќе не направи различни.
Љупчо Николовски