Денешната посета на чешкиот амбасадор, Н.Е Мирослав Томан и конзулот Давид Чернохорски, претставува уште една потврда за интересот на Република Чешка за унапредување на соработката со нашата држава.

Чешкиот бизнис сектор изразува голем интерес за продлабочување на економската соработка со нашата бизнис заедница, особено во делот на трговската размена на земјоделски и прехранбени производи. За таа цел, денеска го најавивме заедничкиот бизнис форум кој во септември ќе се одржи во Скопје и ќе биде дел од чешката агенда за бизнис посета на балканските земји. Главните теми на претстојниот економски форум, ќе бидат со фокус на трговската размена на овошје и зеленчук, млеко и млечни производи, одгледување на животни и живина и нивни производи, производство на вино и пиво и употреба на мала земјоделска техника.

Истовремено, бизнис форумот ќе послужи и како платформа за размена на искуства и знаење, особено во делот на употребата на малите земјоделски техники, за кои Република Чешка е една од лидерските земји во аграрната област.

Заклучокот од денешната средба е дека нашите држави ќе ја интензивираат соработката, со цел отворање на нови заеднички можности за економски и аграрен развој.