Новиот трактор во семејната градинарска фарма „Еко Фарм“ е во вредност од 733 илјади денари, од кои 403 илјади се грант од АФПЗРР

Вести

„Еко Фарм 2017“ е семејна градинарска фарма управувана од Александар Крстевски.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, ја посети фармата, која е успешен корисник на мерката за набавка на трактори, преку која се доделени 540 грантови.

„Новиот трактор во стопанскиот двор на Еко Фарм е во вредност од 733 илјади денари, од кои 403 илјади се грант од АФПЗРР. Преку програмата за рурален развој, Агенцијата дава сериозен придонес во модернизацијата на македонското земјоделство. Досега преку програмата се исплатени 990 милиони денари што претставува реализација од 85% од предвидените капитални инвестиции.“, напиша Бачовски на својот фејсбук-профил по посетата на фармата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *