Објава на решение од МЗШВ за насипна брана Отиња

Вести

 

Врз основа на член 87 став 1 и член 90 став 1 точка 5 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015 и 39/2016), Министерот за животна средин и просторно планирање на ден 05.12.2019 година донесе

 

  1. Решение со кое се дава Согласност на барањето за спроведување на проектот – Насипна брана со придружни објекти “Отиња“ во општина Штип, за потребите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
  2. Студијата за оцена на влијанијата врз животната средина на проектот – Насипна брана со придружни објекти “Отиња“ во општина Штип ги задоволува барањата за заштита на животната средина со примена на мерките за спречување и за намалување на штетните влијанија врз животната средина.
  3. Со проектот инвеститорот има намера да изгради насипна брана со придружни објекти “Отиња“ во општина Штип со цел искористување на водите од река Отиња. Предвидената брана е од типот на насипна брана со водонепропусен канал од глина. Новоформираната акумулација ќе обезбеди водоснабдување со технолошка вода, дополнување на водоводниот систем за водоснабдување на населението со свежа вода, обезбедување на гарантиран биолошки минимум и рекреација на населението.

4. Комплетното решение за издавање на согласност  на Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Насипна брана со придружни објекти “Отиња“ во општина Штип, за потребите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство може да се види на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање – www.moepp.gov.mk.

 

Правна поука: Против ова Решение инвеститорот, засегнатите правни или физички лица, како и здруженијата на граѓани формирани за заштита и за унапредување на животната средина, можат да поднесат жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во рок од петнаесет дена (15) од денот на последното направено објавување на решението согласно член 90 став 1 точка 5 од Законот за животна средина.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *