Врз основа на член 9 став 1 точка б од Законот за ратификација на Секторската спогодба
меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за воспоставување на
одредби за управување и спроведување на финасиската помош на Унијата за Република
Македонија според Инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за
„Земјоделство и рурален развој” (ИПАРД)
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес 08 јули 2021 година објавувa
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2021 за доставување на барања за користење на средства по мерка 7 “ Диверзификација на
фарми и развој на бизниси” од ИПАРД Програмата 2014-2020
Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од
Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД)
согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на
Република Северна Македонија.
Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска
поддршка (грант) во износ од:
– 65% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка 7 –
Диверзификација на фарми и развој на бизниси.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 22 август 2021 година.
Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува:
9.604.431,00 евра или во денарска противвредност 592.545.370,75 денари, со можност во
текот на јавниот повик износот да се зголеми.
КОРИСНИЦИ НА ОВАА МЕРКА МОЖАТ ДА БИДАТ:
- Физички лица
-кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат регистрирано економска активност во рурална средина:
• Физичко лице кое е регистрирано како занаетчија во Регистарот на занаетчии, согласно Законот за
занаетчиска дејност за активности за кои е предложена инвестицијата:
• Физичко лице кое е регистрирано како угостител (вклучувајќи сместување) во Регистарот за угостители
согласно Законот за угостителска дејност, за активностите за кои е предложена инвестицијата;
• Физичко лице кое е регистрирано како Трговец поединец во Централниот регистар во согласност со
Законот за трговски друштва;
• Физичко лице регистрирано во Единствениот регистар на земјоделските стопанства како претставник
на семејно земјоделско стопанство или друг член на семејно земјоделското стопанство и
• Физичко лице регистрирано како индивидуален земјоделски производител во Регистарот на
индивидулни земјоделски производители во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Фонд за пензиско и инвалидиско осигурување.
Физички лица кои предлагаат нови инвестиции за стапување во економски активности во руралните
средини (на пример за самовработување) се прифатливи за поддршка во рамките на оваа мерка само
доколку ги исполнат специфичните барања, односно доколку тој/таа:
• поседува докажани професионални способности преку стручно образование или стручна обука или друг
професионално признат сертификат за одделна стопанска не-земјоделска дејност;
• се обврзе дека на крајот на инвестицијата (пред поднесување на конечното барањето за исплата) тој/таа
ќе ја регистрира економската активност како занаетчија, угостител или трговец поединец во општината
каде што се наоѓа руралната средина
- Правни лица (микро и мали претпријатија), кои ги исполнуваат критериумите утврдени во Препораката 2003/361/ЕС (истата може да се превземе од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk), кои се сумирани во следната табела: Ранг на претпријатие Број на вработени Годишен приход (обрт) Биланс на состојба Мало <50 ≤ € 10 милиони ≤ € 10 милиони Микро < 10 ≤ € 2 милиони ≤ € 2 милиони Напомена: Согласно методологијата за пресметка на големина на субјект од наведената пре
- Задруга која е регистрирана во Централниот регистар, во согласност со Законот за задруги и која првенствено се занимава со земјоделска дејност, сеча на дрва, собирање на шумски производи, преработка на земјоделски и шумски производи, маркетинг на земјоделски производи и/или услуги поврзани директно со земјоделски и шумски активности. Предложената инвестиција треба да биде во согласност со целите на задругата, а кои се наведени во статуот на задругата.
ПРИОРИТЕТНИ СЕКТОРИ ЗА КОИ МОЖЕТЕ ДА АПЛИЦИРАТЕ СЕ СЛЕДНИТЕ
- Алтернативно земјоделско производство – (одгледување на печурки и тартуфи, хортикултура, производство на семенски и саден материјал, одгледување на зајаци, полжави, птици за јајца и месо – патки, гуски, мисирки тетреби, ноеви, емуа и бисерки, дивеч, пчели, одгледување на зачински и ароматични растенија, насади на дрвја за дрвена граѓа и био-маса (брзо растечки), аквакултурни фарми за слатководна риба.
- Производство на прехранбени производи и пијалаци – (со исклучок на инвестиции кои се прифатливи по другите мерки од ИПАРД Програмата)
- Производство на не-прехрамбени производи – (сите дејности согласно листата на дејности која е Прилог 14 на ИПАРД Програмата)
- Развој на занаетчиски активности – (во согласност со Правилникот за начинот на определување на активности кои можат да се вршат со занаетчиство)
- Обезбедување на услуги во земјоделството – (ветеринарна дејност, работилници за одржување и поправка на земјоделска механизација и опрема, услуги за изнајмување на земјоделска механизација и машини)
- Развој на услуги за руралното население – (услуги за поправка и одржување, за престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн), за дневно згрижување на деца, образовни, информатички, спортско-рекреативни центри и сл.)
- Промоција на руралниот туризам – (сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови, готвење и служење на храна, соби за дегустација/продажба, рурални музеи, простории за семинари/обуки, едукативни фарми, рекреативни активности за туристите)
Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција (проект) за оваа мерка не може да биде пониска од 1.500 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го данокот на додадена вредност (ДДВ), додека максималната финансиска поддршка која може да биде доделена на еден корисник по оваа мерка по поединечен проект изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ.
ЛОКАЦИЈА НА ПРИФАТЛИВАТА ИНВЕСТИЦИЈА
Проектот е прифатлив за финансирање доколку локацијата на која е планирано да се реализира
инвестицијата се наоѓа во рурална средина во согласност со „Листата на рурални средини”
ТРОШОЦИТЕ КОИ СЕ ПРИФАТЛИВИ ЗА ИПАРД ПРОГРАМАТА, МЕРКА 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси можат да бидат:
а. Материјални вложувања (трошоци)
б. Не-материјални вложувања (поврзани со прифатливите трошоци под точка а)
в. Општи трошоци (поврзани со прифатливите трошоци во точка (а) и (б)
г. Трошоци за специфични информативни и рекламни активности на ниво на проект, кои се под надлежност на крајните корисници
Во продолжение прочитајте ја деталната листа за прифатливи трошоци по приоритетни сектори:
–Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семиња, саден материјал и мицелиум), зачински и ароматични растенија.
Тука спаѓаат : Декоративни повеќегодишни растенија и дрвја, медоносни повеќегодишни растенија и дрвја. Нискостеблести растенија за био-маса и друго. Брзорастечки дрвја со годишен прираст не помал од 15 м3 по хектар (за производство на био-енергија).
Дрвјa за дрвна маса, украсни растенија и дрвја, зачински и ароматични растенија.
–Набавка на нова земјоделска механизација и опрема за алтернативно земјоделско производство:
- Машини и опрема за подготовка на
почва;
-Садење;
-Наводнување и одржување на култура;
-Опрема за жетва и пост-бербени
активности;
-Опрема за контрола и заштита
Mотокултиватори, опрема за садење и калемење, ротофрези, плугови, ротобрани, дискови брани, редосеалки, ѓубрерастурачи за минерални ѓубрива, депозитори за семе и ѓубриво, култиватори, расадосадачки, опрема за рамнење, дупчалки за садење, кримлери/ сетвоспремачи, ѓубрерастурачи за арско ѓубре, прскалки, атомизери, системи за наводнување капка по капка, опрема за наводнување (субиригација), микро-прскалки и опрема за наводнување со замаглување (пумпи за вода, базени, резервоари за вода, филтри), опрема за дистрибуција на вода, опрема за наводнување со ѓубрење (ферт-иригација),опрема за
автоматско дозирање на вода за наводнување, косачки, сенопревртувачи, балирачки, косачки за фураж, комбајни, опрема за утоварање, сецкалки за био-маса (добиенаод земјоделски култури), машини за прочистување на зрно, калибратори и машини за грубо
рамнење/чистење на почва.Опрема и машини за хидропоника и аквапоника. Опрема за надворешно и внатрешно мерење на температура, влага во почва, влажност на воздух, стерилизација на почва испитување на почва.Заштитни мрежи и покривки, опрема за
заштита од птици и заштита од гром. Опрема за одгледување на риби и рибен подмладок. Опрема за пчеларство, производство на мед и други пчелнипроизводи. Опрема за одгледување на дивеч. Опрема
за одгледување на птици.
–Набавка на нови машини и опрема за преработкана храна и пијалоци (Опрема за прерабувачки операции – од суровина до готов производ):
- Алкохолни производи од грозје или
овошје и пиво; - Колачи, тестенини и пекарски
производи; - Чај и билни екстракти;
- Зачини и билки;
- Слатководна риба, ракови и мекотели.
Опрема за прием, собирање и складирање. Опрема за подготвителни операции за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, гланцирање, сортирање, ладење на оштетени култури, детектори за метал и стакло или други цврсти материјали. Опрема за предладење, ладењеи замрзнување. Опрема за сечење, мелење и подготовка за преработка. Опрема за филтрирање, деаерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација. Резервоари и танкови. Опрема за конзервирање, сушење, дехидрација, замрзнување. Опрема за полнење, пакување и етикетирање.Опрема за зашеметување, навлажнување, загревање и вадење на внатрешни органи, опрема за сечење и вадење на
коски. Опрема за мешање, печење, пржење и оформување. Опрема за пакување и етикетирање на готовите производи, вклучувајќи и складирање. Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот. Опрема за манипулација, товарање ирастоварање, виљушкари, транспортни приколки, контејнери, палети, приколки за транспорт со разладување, подвижни ленти, опрема за мерење на тежина. Опрема за следење на квалитет, контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција. Опрема за
третман на отпад, валоризација, манипулација и складирање. ЦИП опрема за чистење.
–Набавка на нови машини и опрема за преработка на не-прехрамбени производи. (Опрема за преработувачки операции – од суровина до готов производ).
Машини и опрема за подготовка и складирање на суровини. Машини и опрема за сеча. Опрема за обработка на дрво и производи од дрво. Опрема за обработка на минерали и минерални производи.
Опрема за обработка на метали и метални производи.
Опрема за преработка на неметали. Опрема за подготовка на храна за животни (вклучувајќи домашни миленици). Опрема за производство на хартија и производи од хартија. Опрема за производство на
стакло и производи од стакло. Опрема за производство на етерични масла. Опрема за производство на парфеми и тоалети. Опрема за производство на растителни производи. Опрема за производство на природни и минерални ѓубрива. Опрема за производство на
препарати за заштита на растенијата (инсектициди, пестициди, хербициди) и други агрохемиски производи. Опрема за канцеларии, продавници и мебел.Опрема за производство на текстил и облека.
Производство на готови текстилни производи (освен облека). Опрема за обработка на кожа и крзно и производство на крзнени и кожни производи. Опрема за производство на санитарни и хигиенски производи. Опрема за производство на гума, пластика и производи
од гума и пластика. Опрема за производство на чевли и чанти. Опрема за производство на додатоци за мажи и жени. Опрема за производство на градежни материјали и производи. Опрема за производство на хемикалии. Опрема за производство на механички делови и компоненти. Опрема за производство на електронски
делови и компоненти. Опрема за пакување и етикетирање на готовите производи, вклучувајќи складирање.
Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот. Опрема за манипулација, товарање ирастоварање, виљушкари,транспортни приколки, контејнери, палети, приколки за транспорт со разладување, подвижни ленти, опрема за мерење на тежина. Опрема за следење на квалитет, контрола и систем за следливост
на прием, складирање и дистрибуција. Опрема за третман на отпад, валоризација, манипулација и складирање. ЦИП опрема за чистење.
–Набавка на нови машини и опрема за занаетчиски активности.
(Опрема запреработувачки операции – од суровина до готов производ).
Се однесува само за активности кои се регистрирани во “Правилникот за определување на активности кои може да се вршат од страна на занаетчии”.
Опрема за прием, собирање и складирање. Опрема за електро – машински активности. Опрема за сеча и обработка на дрво. Опрема за производство на текстил. Опрема за производство на прехрамбени производи. Опрема за производство на метални и неметални
производи.Опрема за производство на хартија. Опрема за производство на ракотворби. Опрема за пакување и етикетирање на готови производи вклучувајќи и складирање.
–Набавка на машини и опрема за обезбедување на услуги во руралните средини:
- Сервиси за поправка и одржување;
- Услуги за просторно уредување;
- Услуги за нега на домашни миленици;
- Услуги за нега на лица (домови за стари
лица, домови за рехабилитација, итн); - Услуги за целодневна нега на деца;
- Центри за обука и едукација за било која
професија, хобија или за цели поврзани
со сопствениот развој, спорт и рекреација, услуги за поддршка на образованието, ИТ центри; - Транспортни услуги;
- Кино, локални радио станици.
Машини, опрема и алати за поправка и одржување на не-земјоделски машини и моторни возила (автомобили, камиони, автобуси,мотоцикли, итн). Машини, опрема и алати за поправка и одржување на предмети за лична употреба: велосипеди, облека, спортска опрема (освен спортски пушки) и опрема за кампување,
книги, музички инструменти (со исклучок на оргули и историски музички инструменти), мебел и покуќнина, играчки и слични производи за домаќинство и лична употреба. Опрема и алати за поправка и одржување на компјутери идополнителна опрема, комуникациска опрема, електроника, апарати за домаќинство иопрема за домашни градини. Машини, опрема и алати
запросторни услуги(одржување на веб страни, проектирање, инсталација, одржување, одржување на градини и сл.) Опрема и алати за коса и козметички услуги. Опрема и алатки кои се користат за нега на домашни миленици.Опрема за нега на лица, услуги за целодневна нега на деца. Опрема за обука и образовни центри,
кино и локални радио/ телевизиски станици.
–Набавка на нови машини и опрема за услуги за земјоделско производство:
- Ветеринарни услуги;
- Машини и опрема за одржување и
поправка на земјоделска механизација; - Изнајмување на земјоделска
механизација, машини и опрема.
Опрема за ветеринарни услуги, хоспитализација на животни, хранење, напојување, карантин и отстранување на мрши, лабораториска опрема и апарати за анализа на производи. Машини, опрема и алат за поправка и одржување на не-земјоделски машини. Земјоделски машини и опрема за примарно земјоделско производство. Трактори до 100 kW за задруги (само за изнајмување). Комбајни за жетва (само за изнајмување) максимално до 6-та класа. Мали (двоседни) возила наменети за ветеринарни услуги.
–Набавка на нова опрема за рурален туризам.
Опрема за сместувачки капацитети/ бунгалови (Мебел, апарати и друга опрема за санитарен дел, административен дел, заеднички простории, итн). Опрема за угостителство и кујнска опрема, вклучувајќи кујнски и угостителски прибор. Опремување на рекреативни и спортски објекти, (отворени и затворени). Опрема и
машини за уредување на дворови, декорација на градини, патеки, фонтани, надворешно осветлување, надворешни скари, затворени градини, летниковци, видиковци, маси и седишта за пикник, итн.
Прифатливи трошоци кои се однесуваат на сите приоритетни сектори
1.Градежни материјали и елементи за
изградба на нови објекти илиреконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет), како и
пластеници / стакленици:
- Инсталација на соодветната опрема;
- Достигнување на стандарди за заштита
на животната средина; - Обезбедување на хигиенски и
санитарни услови; - Обезбедување на административен
простор; - Помошни простории (за складирање,
- гаражи, итн);
- Капацитети за внатрешно и
- надворешно сместување и за
- рекреативни цели;
- Обезбедување на пристап, уредување
- и оградување.
2.Работни операции и услуги
Сите потребни работни операции и услуги за
реализација на проектната инвестиција:
- Подготовка на терен;
- Градежни работи;
- Реконструктивни работи;
- Инсталација.
3.Компјутерска опрема– Компјутерска опрема и софтвер, вклучувајќи сензори(само за соодветната опрема и производство).
4.Општи трошоци
Подготовка на техничка документација,градежни
планови,пресметкина трошоци, анализи, управување
со проекти:
- Архитекти;
- Инженери;
- Консултанти;
Стекнување на патентни права и лиценци,
системи за управување со:
-ISO;
-HACCP;
-GMP (Добри производни практики);
Публикација и информативни материјали: - Билборди;
- Плакети;
- Налепници.
Подетални информации на контакт е-маил адреса:ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.