Објавен огласот за закуп на земјоделско земјиште во Џумајлија

Вести

-Максимално го искористуваме обработливото земјоделско земјиште за зголемување на производството, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Вчера во Службен весник се објави огласот за давање под закуп на државно земјоделско земјиште од над 3 хектари во регионот на Свети Николе, односно дел од земјиштето кое беше во сопственост на поранешниот агрокомбинат #Џумајлија.

-Со исто темпо продолжуваме и во следниот период, не само во овој регион туку и низ целата држава. Утврдивме 11.000 хектари слободно земјоделско земјиште, кои ќе се објават на огласи до и над 3 хектари, рече Николовски.

-Имаме вредни земјоделци, за кои што е важно да имаат парче земја за производство, а наша задача е земјоделското земјиште да биде во рацете на вистинските земјоделци, подвлече Нилоловски.

Во огласот за закуп истакнати се 907 хектари од некогашниот комбинат Џумајлија а во следните неколку недели ќе има оглас и за нови 11.000 хектари земјоделско земјиште како и посебен оглас за закуп на земјиште за сточарите.

-Започнавме постапки за окрупнување на над 17.000 парцели во 12 подрачја во Македонија и за продажба на земјоделското земјиште под оранжериите, мапиравме локации за изградба на откупно – дистрибутивни и производствени центри, воведуваме нови мерки за ослободување на младите од закупнина, заврши министерот Николовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *