Од почетокот на оваа година до денеска се исплатени над 1,6 милијарди денари субвенции за градинарите, полјоделците, лозарите и овоштарите. Исплатата на субвенциите за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2019-та, продолжува и во следниот период, навреме пред почетокот на производствената сезона на земјоделските култури.
Во моментов актуелен е и објавениот оглас за „Услуги за модификација на време со авионско засејување“, односно новиот модел за заштита од временски непогоди, кои предизвикаа големи штети врз земјоделските посеви во преспанскиот регион.
УХМР веќе го објави јавниот оглас за „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. За оваа намена преку Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се обезбедени 60 милиони денари со вклучен ДДВ.
Заштитата од град со авионско засејување ќе се спроведува на целата територија на Република Северна Македонија. Рокот за доставување на понуди е до 20-ти февруари годинава.
Се работи за нов систем за заштита од временски непогоди којшто предвидува контрола на климатските услови преку авионски начин на засејување на облаците, со којшто се постигнува поквалитетна и порационална заштита на земјоделските посеви од град.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство секогаш работи во полза на земјоделците.