Од сабота бесплатно чипирање на милениците

Вести

30 евра казна за секој сопственик кој нема да му стави микрочип на својот миленик. Од први септември до први март идната година ќе трае кампањата на Агенцијата за храна и ветеринарство, и ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“. АХВ набавила 100.000 микрочипови и склучила договори со 135 ветеринарни друштва ширум земјата кои ќе вршат бесплатна апликација кај домашните миленици.

-Секој сопственик има законска обврска да го микрочипира својот миленик и доколку не ја спроведе предвидена е санкција од 30 евра во денарска противвредност. После завршувањето на кампањта АХВ ќе спроведе зајакнати контроли за да провери дали сопствениците извршиле идентификација и регистрација на нивните домашни миленици, рече директорот на Агенцијата, Зоран Атанасов.

Сопствениците ќе треба да платат 120 денари за издавање на пасош за домашен миленик што ќе можат да го употребат при патување надвор од државата.

Оние кои нема да ја искористат оваа шанса ќе треба да платат 800 денари само за микрочипот и дополнителни средства за апликацијата. Проверка дали некое домашно милениче е чипирано ќе се прави доколку биде заловено и однесено во прифатилиште. Микрочипирањето ќе помогне и при пронаоѓање на изгубени миленици, а според проценките на АХВ, ќе придонесе и за намалување на проблемот со кучиња скитници.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *