Од утре започнува со работа системот за брзо информирање за небезбедна храна

Вести

Од утре почнува со работа системот за брзо информирање за небезбедна храна, храна за животни и материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Наскоро почнува и пописот на копитари (коњи, магариња, мулиња и мазги), а во април годинава Македонија ќе биде пилот земја заедно со БиХ, Србија и Хрватска, за креирање процедури за справување со шап и лигавка, изјави  В.д. директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов.

АХВ до Владата достави и тригодишна стратегија за благосостојба на животните со која се дефинирани четири приоритети: намалување на бројот на кучињата скитници, благосостојба на животните при транспорт и колење, посебно на јагниња, како и благосостојба на кокошките несилки.

Директорот Атанасов се пофали и дека Светската организација за здравствена заштита на животните го прифатила македонскиот план за справување со класична свинска чума. Планот ќе биде земен како урнек од страна на Организацијата и ќе може, врз основа на него, и други земји да го користат и да ги креираат своите планови за борба против оваа болест.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *