Од Водостопанство „Прилепско поле“ смируваат дека ќе има доволно вода за наводнување

Вести

Тутунарите од Прилеп се плашат дека тутунопроизводството, во делот каде полето е покриено со хидросистемот, можно е да се намали за цели 50% доколку продолжи ваквата хидролошка состојба. Се сомневаат дека акумулацијата ќе се наполни до месец април затоа што, поради замена на темелниот испустен вентил, езерото беше комплетно испразнето лани во текот на есента.

„Доколку вода се долева од регионалниот водовод „Студенчица“ мислам дека  ќе имаме вода, онолку колку што треба за садење и за окопување. Но понатаму за наводнување, доколку не настапат некои врнежи незнаеме што ќе се случи“, истакна Данчо Милески, претседател на здружение на тутунари „Мице Козар“.

Од Водостопанство „Прилепско поле“ смируваат дека вода ќе има доволно. Градежните работи за испустниот вентил биле завршени лани, а новата опрема не била поставена во месец јануари, бидејќи започнало нагло топење на снегот и наидување на поголеми количини на вода, што ја спречило изведбата на работите.

„Согласно ланските податоци во месец април би требало да собериме 6 милиони кубни метри вода, ако хидролошките  услови се покажат како лани, ако не ние во текот на една сезона за наводнување доволно ни е да имаме од 3,5 до 4 милиони метри кубни вода за да имаме успешна сезона за наводнување“, истакна Ѕвонко Талески, раководител на подружница „Прилепско поле“.

Дали ќе има вода или не, сепак најмногу ќе зависи од врнежите. Во моментов езерото има околу 600.000 метри кубни вода, а новиот вентил ќе се поставува во октомври. Инаку овој проект се изведува преку грант на УНДП тежок 9 милиони денари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *