Одбележување на Светскиот ден на пчелите во Кочани

Вести

Традиционален словенечки пчеларник, донација од Амбасадата на Република Словенија, ќе биде денеска свечено поставен во Земјоделскиот институт-Одделение за ориз во Кочани.

Настанот под мотото „Пчелите се таму каде што е и пријателството”, како што информираат од амбасадата на Словенија, е во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на пчелите, во соработка со Земјоделскиот институт, општина Кочани и здружението Јадрена група на пчелари од Брегалничкиот регион „Меден Исток” од Кочани.

Официјално обраќање, како што е најавено, ќе имаат словенечкиот амбасадор Милан Предан, градоначалникот на Кочани Николче Илијев, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, претседателот на пчеларската асоцијација на Словенија Боштјан Ноч, претседателот на „Меден Исток” Ванчо Кировски и директорот на Земјоделскиот институт – Скопје Виктор Ѓамовски.

МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *