Денеска, на покана на фармерот Насер Џемаили бев присутна на иницијатива за основање на Задруга на сточари, одгледувачи на овци – „ШАРИ“ од Тетово.
Со задоволство ја прифатив поканата бидејќи сум поборник на здружувањето на земјоделците, а знаев дека ќе бидам во друштво на вредни, домаќини луѓе кои ја работат една од потешките професии и прават се да се задржи овчарството и добиточниот фонд, кој последниве години значително се намалува.

Им треба здружување, заеднички настап, едукација, информации, пари од фондови и мерки на Владата. Сето тоа ќе им го овозможи здружувањето во земјоделска задруга и затоа секоја чест на иницијаторите кои имаат искрена желба да помогнат во развојот на овчарството во тој регион.

Поддршката од мене ја имаат, тука се институциите на централната власт кои преку добри мерки инсистираат на здружување на земјоделските производители, а денеска ја потенцирав важноста и од поддршка на локалната власт, на Општина Тетово која ја имаат.
Честитики и успешна работа!

Фејсбук статус на Ленче Николовска