Одгледувајте шафран – најскапиот зачин во светот

Вести Органско производство Совети

Авганистанските власти сакаат на земјоделците да им понудат алтернативен начин на заработка.

Така, наместо да одгледуваат мак, од кој се добива опиум, им нудат да се свртат кон најскапиот зачин на светот.

Производството на шафран оваа година во земјата пораснало на рекордно ниво, околу 13 тона, соопштило министерството за земјоделство. Официјалните бројки покажале дека производството на шафран се зголемило на 6 200 хектари во 2018та година, што е зголемување за 22 проценти во однос на минатата.

Повеќе од 6 600 работници се обучени за производство, преработка и пакување на зачини оваа година.

-Земјоделците кои одгледуваат шафран имале околу 17 милиони долари од неговата продажба.

Деликатниот зачин со векови се користи во разни кујни и во производство на парфеми. Шафранот е наречен и „црвено злато“ бидејќи многумина се потпираат на негово производство. Се продава и по цена од 1500 долари по килограм на западните пазари.

-Почнуваме со работа на нива пред излез на сонцето и секој од нас може да собере околу 4 до пет килограми шафранов цвет-рекол 16 годишниот Јома Кан, еден од 156 000 сезонски работници кои помагаат при собирање на зачинот. Работниците заработуваат околу 1 долар на час.

Зачинот се извезува во 17 земји (воглавно во Кина, Индија и Персискиот залив, како и Европската унија и Северна Америка, според податоци на Министерството за земјоделство.

Претставници се трудат да ги одвикнат потрошувачите од високо профитабилна трговија со опиум. Одгледувањето на мак и понатаму покрива 263 000 хектари во Авганистан, што е речиси 90 отсто од светското производство на опиум.

Македонија е погодна за одгледување на шафран

Може да се започне со посериозно производство на шафран кај нас, затоа што е култура која е доходовна и трудо-интензивна. Доколку се започне со сериозно производство, ќе ги заживее руралните средини, затоа што со релативно мала површина од неколку декари може да живее едно просечно семејство во руралните средини и она што е, исто така, полезно е тоа што не бара посебни услови во однос на почвата и механизацијата. Од работни операции потребни се плевење и берење.

Шафранот има обратен животен циклус од останатите растенија. Напролет го снемува, во летото е во хибернација, а со првите есенски дождови во септември се појавува. Во зависност од врнежите и температурата, почнува да цвета три недели по никнувањето и тоа во октомври и ноември.

Приносот зависи од тоа колку растенија имаме. За да се добие еден килограм шафран, потребни се околу 150 000 цветови. Всушност, шафранот е толчникот на цветот на растението и се собираат само црвените толчници кои се сушат на температура од 40 до 50 Целзиусови степени без ветер, во сушилница, во период од еден ден. Сушењето на сонце не се препорачува затоа што сончевите зраци штетно влијаат на аромата на шафранот.

По процесот на сушење, шафранот се складира на темно и суво место. Најдобро е тоа да се направи во херметички затворени стаклени тегли. Трајноста на вака добро складиран шафран може да биде до седум години. Согласно шпанската скала на одредување на квалитетот на шафран,  шафранот произведен во Слоешница е втора класа со потенцијал да биде прва класа.

1 кг шафран поскап од 1 кг суво злато

Цената на светскиот пазар варира од година во година, а моменталната цена е 20.000 евра за прва класа и 16.000 евра за втора класа за еден килограм шафран. Во некои години цената за прва класа достигнува и до 30.000 евра за еден килограм и е единствен земјоделски производ од којшто еден килограм е поскап од еден килограм суво злато. Причина за високата цена на шафранот е континуираниот недостиг од него на светскиот пазар. Главен производител во светот со над 90% е Иран.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *