Одгледување на градинарски култури во пластеници

Вести Совети

Општо познато е дека пластеничкото производство е  еден од клучните фактори  за раноградинарското производство во нашата држава. Одржувањето на температурата во пластениците, како во летниот  така и во зимскиот период е еден од  многу важните фактори за успешно производство. Зголемената потрошувачка на енергија за одржување на температурата е значаен фактор во  зголемените трошоци во текот на производството.

При одгледување на градинарските култури во пластеници може да се издвојат повеке предности: подобар водно-воздушен режим, побрзо загревање на површините, подобар  развој на кореновиот систем, намалување на проблемите со болести и штетници поради подобрениот водно-воздушен режим,  поголем и поквалитетен род, направените трошоци побрзо се враќаат, порано произведените производи постигнуваат повисока цена на пазарот.

Редовите внатре во пластениците или тунелите може да бидат различни, и тоа може да се поединечни или двојни, зависно од културата, ширината во пластеникот и висината на пластеникот. Исто така и бројот на растенијата зависи од погоре споменатите услови,  меѓутоа кај нас од практична гледна точка се одгледуваат најчесто систем на едноредово одгледување. Од ова може да се заклучи дека распоредот со помал број на редови во просторот се по погодни за одгледување на домата и краставица,  а распоред со повеке редови во пластеникот одговара за одгледување на пиперка, салата и др.

Постојат повеке типови на пластеници: ниски тунели, високи тунели и пластеник со еден кружен кров.

Ниските тунели обично не се загреваат, а се користат повеќе за расадопроизводство. Конструкцијата им е едноставна, без додатни елементи. Постепено овој тип на пластеник ке биде заменет со посовремени типови на пластеници.

Високите тунели   се прават бидејќи се доста поефтини и поедноставни и се произведува на помала површина, предсезонски без загревање. Вентилацијата обично се изведува со отварање на бочните страни.

Пластеник со еден кружен кров како покривач најчесто се користи полиетиленска фолија, значи имаат кров во вид на лак и кога има доста снегови или диждови тие се спуштаат по страните и не може да се направи некоја поголема штета. Вентилацијата може да се направи преку отвори на вертикалните страни а може да се примени и вентилатор. Предвиден е за вградување на систем за загревање и за производство во текот на целата година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *