Лешникот се користи за да го нахрани човекот уште од античко време. Неговите плодови се многу квалитетни и претставуваат висококалорична храна.
Тие се богати со масти, протеини, минерални соли и витамини.
Лешниците може да се користат како анти-ерозивна култура.
Плодовите се лесни за чување.
Со добра агротехника, приносите по грмушка може да достигнуваат и до 10 кг.
Насадите се користат околу 40-45 години.
Ран Трапезундски е сорта создадена во Турција.
Зрее до 15-ти август.
Плодовите се мали до средни, овално заоблени со препознатлив врв.
Опрашувач : Римски
Лушпата е со темно кафеава боја, тенка и лесно кршлива.
Јатката е овална и многу вкусна.
Приносот е 59%. т.е од 1 кг со лушпа 590 гр е плод.