Одгледувањето риби се смета за бизнис на иднината

Вести Совети

Потрошувачката на риби се зголемува насекаде низ светот, а одгледувањето риби се смета за бизнис на иднината. Агенцијата за храна и земјоделство на ФАО на Обединетите нации со години предупредува за стагнацијата на фатена риба во однос на порастот на населението. Во 2016 година, потрошувачката на риби надминува 20 килограми по глава на жител, но кај нас се трошат само една третина од овие количини – околу седум килограми по глава на жител годишно. Најголема е потрошувачка на морска риба, на слатководен крап и калифорниска или розова пастрмка.

Рибата е богата со круцијални нутритиенти, коишто повеќето од луѓето не ги внесуваат во доволна мера. Постојат многу здравствени придобивки од консумирањето повеќе риба, но и многу штетни последици по здравјето доколку рибата ни недостасува во диетата.

Можностите за развој на рибарството се големи, но недоволно искористени.

Експертите препорачуваат скуша, која некогаш се сметаше за храна за сиромашните, а сега е на листата на најпосакувани јадења. Овој вид риба е добар извор на селен кој го зајакнува имунитетот, но се препорачува да се изберат поситни скуши, бидејќи содржат помало количество жива. Сепак, експертите велат дека оние риби на врвот на синџирот на исхрана, како ајкула или туна, содржат повеќе тешки метали, бидејќи се хранат со помали риби, но исто така и дека токсините содржат најголем дел од рибите кои се со повисок процент масти. Рибите често доаѓаат од разни, дури и најоддалечени делови од светот, лоцирани во близина на големи фабрики, а во пракса, не постојат соодветни мерки за проверка на составот, квалитетот и изворот на оваа храна.

Рибата е една од најздравите хранливи производи на планетава. Таа е вкусна и лесна за подготовка. Натоварена е со важни нутритивни состојки, како што се протеините и витаминот Д. Рибата исто така е најдобриот природен извор на Омега 3 масни киселини, неопходни за телото и мозокот. Рибата и маслиновото масло се најглавните причини зошто медитеранската кујна е една од најздравите.

Искористете ги летните денови за риболов и за јадење повеќе риба

Рибата е богата со клучни нутритиенти, коишто повеќето од луѓето не ги внесуваат во доволна мера. Генерално, сите видови на риба се здрави и добри за организмот. Рибата во себе вклучува високо квалитетни протеини, јод и разновидни витамини и минерали. Како и да е, некои видови риба се подобри од другите, додека пак, мрсните видови на риба се сметани за најздрави.

Тоа е така бидејќи мрсните риби како лосос, пастрмка, сардини, туна и скуша имаат поголемо количество на нутритивни состојки базирани на масти. Таму се содржи и витаминот Д, кој е растворлив во масти. Многу луѓе имаат дефицитет од овој витамин. Тој функционира како стероид во организмот. Мрсните риби се богати и со Омега 3 масните киселини. Овие масни киселини се круцијални за функционирањето на телото и мозокот. Тие исто така спречуваат настанување на многу заболувања.

Омега 3 мастите се круцијални за растењето

Рибата содржи хранливи нутритиенти неопходни за време на растот и развојот. Омега 3 масната киселина наречена докосахексаеноична киселина – Docosahexaenoic acid е особено важна, бидејќи се акумулира во мозокот и очите во развој.

Рибата може да ве направи попаметни

Рибата може да го намали губењето на сивата маса во мозокот и да го заштити овој орган од оштетувања поврзани со староста. Многу научни студии покажаа дека луѓето кои јадат повеќе риба имаат побавни стапки на когнитивниот пад. Оние кои јадат риба секоја недела имаат помало намалување на сивата маса во центрите од мозокот кои ги регулираат емоциите и меморијата.

Рибата превенира депресија

Јадењето риба може да те направи посреќна личност. Научните студии потврдуваат дека луѓето кои редовно јадат риба, потешко е веројатно да западнат во депресија или да се биполарно растроени. Тоа е така бидејќи Омега 3 масните киселини го намалуваат нивото на стресот и го спречуваат штетното дејство на хормоните на стресот, најчест предизвикувач на рак. Во други студии потврдено е пак, зголемувањето на ефективноста од лековите против депресија, благодарение на Омега 3.

Рибата го намалува ризикот од Дијабетес тип 1

Консумирањето риба е поврзано со намален ризик од автоимуни болести, вклучувајќи го и дијабетесот тип 1. Оваа болест се состои од напаѓање на клетките што произведуваат инсулин од страна на имуниот систем во панкреасот. Многу од студиите потврдија дека Омега 3 го намалува ризикот од појава на ваквите болести, како кај децата, така и кај возрасните.

Научните студии потврдуваат дека редовното консумирање на риба е поврзано со 24% намален ризик од астма кај децата. Рибата исто така го подобрува квалитетот на спиењето. Дефицитетот на витаминот Д игра важна улога во квалитетот на сонот. За време на 6 месечна студија спроведена врз 95 средовечни мажи, јадењето на лосос 3 пати во неделата, кај нив доведе до подобрување на сонот, но и подобрување на дневното функционирање.

Рибата ги штити очите

Омега 3 мастите претставуваат заштита од макуларна дегенерација, болест која ги засега старите лица и која доведува до слепило. Според истражувањата редовното консумирање риба беше поврзано со 42% намален ризикк од макуларна дегенерација кај жените.

Како можеме да бидеме сигурни за рибите што ги купуваме? Во пракса, треба да има одредени етикети на пакувањето – трговското име на храната, производниот процес и рибарската зона каде што е фатена рибата. Ако рибата се одгледува, треба да се наведе потеклото и состојбата во која е извршена последната фаза на одгледување. Риболовната зона е означена во согласност со меѓународните правила на ФАО и бројот на области.
„Современо Земјоделство“
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *