Годишниот план за заштита и стопанисување со рибите во риболовната вода “Вештачкото езеро – акумулација Стрежево” за 2020 година, е одобрен од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
Претходно, за годишниот план е издадено позитивно стручно мислење од страна на изработувачот на риболовната основа – Институтот за сточарство при УКИМ – Скопје.
Изработениот Годишен план е во согласност со Риболовната основа за риболовна вода “Вештачко езеро – Aкумулација Стрежево”, Законот за рибарство и аквакултура и Правилникот за содржината на годишниот план за заштита и стопанисување со рибите.
Благодарение на навременото одобрување на планот од страна на министерот, создадени се предуслови за организирање на рекреативен риболов во 2020 година, односно овозможување на вршење физичка и еколошка заштита и користење на рибите преку планско експлоатирање на одржлив начин со мерки и активности кои, во континуитет, се во функција на остварување на стратешките приоритети и цели на Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола.