Одобрена стратешка инвестиција за соларен парк вреден 270 милиони евра

Вести

Владата на вчерашната седница донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР” – Скопје.

Како што информираа од владината прес-служба, станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион” вредна 270 милиони евра, кој преку оваа компанија ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз” (Akuo Energy Sas Paris) од Франција, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегават часови.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *