Одржана Експертска мисија за Потрошувачка (конзумација) на храна

Вести

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 20-22 јануари 2021 година по пат на видео-теле конференција се одржа Експертска мисија за Потрошувачка (конзумација) на храна со која претседаваше Г-ѓа Светлана Томеска Мицкова- Раководител на сектор за ЕУ и меѓународна соработка, а како експерти  од ЕУ  учествуваа Г-ѓа Дарја Соколиќ, генерален менаџер и советник за безбедност на храна од Центарот за безбедност на храна- Хрватска. На самата експертска мисија освен учесници од АХВ, присуствуваа и вработени во Институтот за јавно здравје на РСМ.

Целта на оваа експертска мисија е да се обезбеди експертиза за системот за управување со дигитални податоци за потрошувачката на храна во согласност со методологијата на EFSA’s EU MENU. Вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје ќе добијат поддршка за софтверот Diet Assess & Plan (DAP), што се користи за прибирање и проценка на податоци за внес на храна. Оваа нутриционистичка алатка овозможува обемно оценување на исхраната и последователно планирање засновано врз проценката на внесот на храна и препораките за хранливите материи. ДАП е развиен во согласност со упатствата на ЕФСА за методологијата на менито на ЕУ и претставува важна инфраструктура за истражување за нутриционистичката епидемиологија и истражување на јавната здравствена исхрана.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *