Официјално започна 12-тиот Годишен Работен Состанок на Министрите за Земјоделство од Југоисточна Европа (Галерија)

Вести

Официјално започна 12-тиот Годишен Работен Состанок на Министрите за Земјоделство од Југоисточна Европа, кој се одржува во Струга. Настанот е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во Југоисточна Европа.

-Денеска ќе слушнеме за резултатите од досегашната меѓусебна соработка, како и идните планови за земјите од регионот. Само со силни партнерства и заеднички политики можеме да донесеме вистински напредок во земјоделството. Чест ми е што оваа година токму Македонија е домаќин на овој важен настан, истакна министерот Николовски.

На конференцијата учествуваат ресорните министри од Босна и Херцеговихна, Косово, Црна Гора, Бугарија, Словенија, Албанија, државни секретари од Србија, Хрватска, Унгарија, претставници од министерствата од Германија, Чешка, како и претставници од Европската комисија, Организацијата за храна и земјоделство и ГИЗ.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *