Околу 12.000 ха државно земјоделско земјиште наскоро ќе биде објавено на јавен оглас за производство на пченица и јачмен

Вести

Околу 12.000 хектари државно земјоделско земјиште наскоро ќе биде објавено на јавен оглас. Земјоделците ќе може да аплицираат со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачмен, односно за поледелски култури. До министерството за финансии е доставен план што е тоа што треба да се направи на среден и на долг рок.

Со планот се предвидени мерки кои ќе придонесат за зголемени приноси од 30.000 тони пченица на среден рок и на долг рок, Македонија да не е повеќе увозно зависна од пченица, се вели во дописот од министерството за земјоделство.

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *