Општина Битола во меѓународен проект со Општина Дибер од Албанија

Вести

Општина Битола и Општина Дибер од Албанија заеднички ќе аплицираат за меѓународен проект во рамки на програмата за прекугранична соработка, ИПА-2.

Станува збор за еко-проектот „Одржлива култура за управување со отпад од планинските рурални области” кој од македонска страна како носител на проектот ќе го координира ЈП „Комуналец”-Битола.

-Главна цел на проектот е да се создаде култура на собирање и управување со отпад во планинските рурални области во пограничниот регион како основа за одржливо користење на природните ресурси и животната средина и развој на зелени бизниси, информираат од Советот на Општина Битола.

Партнери во проектот се Национален центар за услуги во заедницата од Тирана и Гаус Институт фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаења од Битола.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *