Општина Прилеп исплати обесштетување за јулското невреме

Вести

Општина Прилеп вчера започна со обесштетување на земјоделците кои претрпеа големи штети во јулското невреме. Општината оддели 100.000 евра, а секој земјоделец ќе биде обештетен со 3% од вкупната штета која ја имал. Земјоделците се задоволни од ова обесштетување, но сепак очекуваат обесштетување и од државата кое што може да биде и до 15% од вкупната штета.

„Од 5 декари можи да се произведе тутун од 1,5 тони, што значи во вредност од околу 300.000 денари, а сега штетата е огромна затоа што изгубивме и субвенции и килажа“, рече Роберт Костоски, жител на с. Мало Коњари.

Колкаво ќе биде обесштетувањето од државата се очекува да се знае кон почетокот на идната година. Инаку ова е за прв пат Општина Прилеп да оддели средства за обесштетување на земјоделците.

„Овие средства започнуваат да се исплаќаат од денес па се до средината на идната недела и ќе бидат исплатени 1.359 барања“, истакна Жарко Северкоски, претседател на комисија за проценка на штети.

За да не доаѓа во иднина до вакви ситуации тутунарите бараат осигурување на родот уште со самото склучување на договорите за откуп.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *