Органско наспроти конвенционално земјоделство?!

Вести Органско производство

Една неодамнешна студија објавена од Европската комисија ги ставила во предвид перспективите на два земјоделски модела,

1. органски модел и
2. конвенционален модел.

Студијата ги земала во предвид различните економски аспекти, анализирајќи ги факторите од трошоците за производство и ефикасноста на фармата до цената на производот и нивото на субвенции.
Студијата, сепак, имала ограничувања, бидејќи земени се во предвид само млекото и житните култури од земјите од Централна и Западна Европа.

Нивните заклучоци сé уште се интересни за разгледување.

Во анкетираните земји, органското земјоделство носи еднаков, или во некои случаи дури и повисок приход од конвенционалното земјоделство. Ова главно се должи на повисоките субвенции дадени за органско земјоделство.

Кога ќе се земаат во предвид трошоците за земјоделските вложувања како пестициди, ѓубрива или гориво за одржување на културите, органското земјоделство открива некои од неговите бонуси.

1. Посеопфатна практика,
2. Нема многу простор или трошоци за скапи хемиски ѓубрива и пестициди.

Сепак, анализата на трошоците за гориво на земјоделските работи не покажува голема разлика. Механизацијата ги менува органските практики, каде што победува ефикасноста, ризиците за животната средина почнуваат да се појавуваат.

Органското земјоделство користи повеќе работна сила од својот конвенционален колега.

Податоците на Комисијата на ЕУ покажуваат дека на 40 ха органска површина потребен е 1 работник, додека на 46 ха конвенционална површина еден земјоделски работник.
Млечните фарми го покажуваат истиот однос:  за секои 17 млечни крави израснати органски потребен е 1 работник додека 1 работник за 21 конвенционална крава.

Недостатокот на хемиска стимулација дава помал принос во органско земјоделство.

Фармерите добиваат помеѓу 5-8 тони за хектар конвенционална пченица, но само 2-3 тони органска пченица по хектар.

Млечните фарми го покажуваат истиот сооднос: 7 тони конвенционално млеко годишно, но само 5,5 тони млеко кога станува збор за органски фарми.

Нискиот принос се компензира, сепак, од продажната цена, која во просек е 90 евра повисока за тон млеко, од конвенционалната.

Субвенциите играат водечка улога во профитабилноста на органските фарми. Европските фондови и државната поддршка за органските земјоделци од Западна ЕУ претставуваат 59% од нивниот приход, додека конвенционалните земјоделци добиваат 54% од својот профит од субвенции.

Франција е исклучок, каде државната поддршка претставува 60% од приходите на конвенционалните производители и 40% од органските.

 

Автор: Иван Стојанов за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *