Османи во работна посета на Јордан – Потпишан меморандум за соработка во земјоделството

Вести

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на посетата на Јордан, имаше средба со министерот за земјоделство Кхалид Ал Ханифат со кого потпишаа меморандум за разбирање за соработка во областа на земјоделството, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите на Република Северна Македонија и на Хашемитското Кралство Јордан, соопшти МНР.

– Со потпишување на овој документ, создаваме основа за интензивирање на размената на прехранбени продукти и земјоделски производи, особено во делот на зголемување на извозот на овошје, зеленчук и јагнешко месо од Северна Македонија во Јордан, а од Јордан зголемување на увоз на маслиново масло и урми во Северна Македонија. Тоа е особено важно за двете земји, имајќи ги предвид актуелните предизвици со безбедноста на храна во овој регион и потребата од диверзификација на снабдувањето со прехранбени продукти. Од друга страна, ние имаме потенцијал за кој ни се потребни нови пазари и немам сомнеж дека ова ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на билатералните односи во полза на граѓаните од двете земји, истакна Османи.

Двајцата министри потенцираа дека особено значајна е размената на искуства во областа на земјоделската политика, спроведување на конкретните мерки за подобрување на земјоделското производство, безбедноста на храната, како и управувањето со водите, за што се заложија за спроведување на идни проекти од интерес на двете страни.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *