Откуп и продажба на земјоделски производи, трето тримесечје од 2019 година

Вести

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2019 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 6.6 % во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 4.7 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 8.9 %.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, градинарските растенија, добитокот и млечните производи, а намалување е забележано кај: индустриските растенија, фуражните растенија, овошјето, грозјето, алкохолните пијалаци, живината, јајцата, млекото, кожата и волната и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во јули, додека во август и септември е забележано намалување на вредноста на откупот и на продажбата на земјоделски производи.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *