Отворен нов Јавен повик за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површински води

Вести Огласи

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 19315, 39/16, 167/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр.10/20 21 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

І. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ:

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Инвестиции за Мерка 121 модернизација земјоделски стопанства

  • 121.4 Набавка на систем за наводнување капка по капка, наводнување капка по конструкција на бунари и други зафати на површинска вода

Максималната вредност на прифатливи трошоци изнесува:

  • До 1.800.000,00 денари за инвестиции во систем за Набавка на систем за наводнување капка по капка,
  • до 364.000,00 површинска вода денари за инвестиции во конструкција на бунари и други зафати површинска вода

ПРАВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

Земјоделско стопанство упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој и тоа :

Физички лица:
– Индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
– Индивидуален земјоделец – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;
– Индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност;
– Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва.
Правни лица:
•        Трговски друштва регистрирани согласно Закон за трговски друштва;
•        Земјоделски задруги – регистрирани согласно Закон за задруги.

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Финансиска поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции, доколку поинаку не е определено.

Ставката на ко-финансирање се зголемува во одредени случаи и изнесува:
– 55% во случај кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец;
– 60% во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство;
– 65% во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец;
– 75% во недостапни рурални заедници.

Со овие средства може да се набават подземни и надземни системи за наводнување капка по капка, набавка на приклучна опрема ( филтри, пумпи, цевки и спојни елементи), опрема за електрична инсталација за снабдување со струја вклучително и енергетска ефикасност, агрегати или генератори и придружна инсталациона опрема, софтвери за управување и контрола на системот за наводнување, градежни зафати за бунари, изработка на студии и елаборати. Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки од Програмаат за рурален развој.

Барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред да потпишат договор со АФПЗРР.

Поддршката по овој основ подразбира доделување на неповратни финансиски средства (грант) од Буџетот на Република Македонија.
Корисникот е должен во рок од 5 години од денот на исплатата на средствата од оваа програма, да има истакнато налепница или натпис на инвестицијата со која означува дека инвестицијата е ко-финасирана со средства од Програмата. АФПЗРР ги доделува налепниците и натписите на корисникот заедно со решението за исплата. Доколку настане оштетување на истите, корисникот е должен да ja извести АФПЗРР при што контролорите ќе извршат увид и ќе доделат нова ознака.
Поднесување на барање По објавување на јавниот повик, од страна на АФПЗРР, за поднесување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година, потенцијалниот корисник на средствата треба да поднесе електронско барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година по соодветната мерка. Креираното електронско барање се превзема, печати и потпишува од страна на Барателот и заедно со сите пропратни документи соодветно на типот на инвестиција се доставува до Агенцијата во затворени во плик на кој на горниот лев агол да пишува „Барање за финансиска поддршка, Архивскиот број на Барањето (1021-12116-ХХХХ/1)“ на следната адреса: АФПЗРР за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој ул. „3-та Македонска бригада” бб зграда на Македонија Табак блок Ц 1000 Скопје, Република Македонија или лично на рака во писарницата на АФПЗРР за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), на истата адреса.

Краен рок за доставување на е барања е 27 јануари 2022 година.

Барањата кои не се поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *