Оваа сабота ќе се одржи Собир на учесници во консолидацијата во КО Трн, Битола

Вести

По донесената одлука за спроведување на постапка за консолидација на земјоделско земјиште со распределба во КО Трн, оваа сабота на 17 октомври, ќе се одржи Собир на учесници во консолидација во КО Трн, во кој треба да се формира Собрание на учесници во консолидацијата и да се усвои Одлуката за формирање на Одбор на учесници во консолидацијата во КО Трн.

Собранието на учесници во консолидацијата е највисоко и најважно одлучувачко тело кое го сочинуваат сите учесници во консолидацијата.

Собирот на учесници ќе се одржи сабота, 17.10.2020 во Пацио во НУ Завод и Музеј, Битола на Ул. Климент Охридски 18 Битола, од 08 часот до 18 часот. На овој начин, ќе се запазат сите мерки со Ковид-19 односно нема да има групирање на луѓе во иста сатница, ќе биде на отворен простор, а задолжително е носење на маски и одржување на дистанца.

Се повикуваат сите земјоделци-сопственици на земјоделско земјиште во КО Трн, да земат учество.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *