Овчарство – Шанса за невработените!

Вести Совети Сточарство

Како да започнете, колку овци треба да купитее, каде да ги чувате, колку чини, кои овци се најекономични или најевтини? Овие се прашањата што секој кој што е во овчарството, ја гледа својата шанса за заработка.

Овците се исклучително корисни животни. Млеко, месо, волна, кожа, крзно – важни производи што ги добиваме од овците, како за храна, така и за облека. Поради оваа причина, одгледувањето овци е една од најважните гранки на сточарството.

Како да започнете?

Пред да избереме и да купиме овци, мора да знаеме дека овците поминуваат многу време на пасиштата, без разлика дали тоа е екстензивен, полуинтензивен или интензивен начин на одгледување. Храната од пасиштата е најдобра и најевтина за овците. Овците не бараат некои посебни услови, така што тие можат да пасат и на оние пасишта кои не се погодни за другиот добиток.

Исто така, неопходно е да се има објект во кој овците ќе бидат стационирани, кога тие не се на пасење. Најчестиот избор е полуотворените штали. Дождот и влагата се големи непријатели на овците, па затоа мора да се внимава на просторијата во која се чуваат овците. Таа треба да е сува и прозрачна.

Секој кој има соодветен простор и имот, на кој има и пасишта, го исполнува главниот предуслов за одгледување на овци.

Какви овци да изберете?

Месото е најважниот производ од овците. Видовите на овци за производство на месо потекнуваат од Англија, а најпознати се Тексел, Хемпшир, Сафолк.

Изборот на раси за одгледување, меѓу другото, зависи и од географските и климатските карактеристики на една област. Нашите искусни овчари, велат дека е најдобро да се одгледуваат само домашните овци. Странските видови овци, тешко се приспособуваат на нашите услови на одгледување, додека, на пример, праменка, добро ги поднесува ниските и високите температури на воздухот и е многу прилагодлива. Домашната сорта е полесна за продажба, а исто така од неа може и добро да се заработи.

Ако на одгледувачот при изборот, важна му е плодноста на овците, тогаш добар избор би можел да биде романовската овца.

Колку е исплатливо овчарството?

Одгледувањето на овци може да биде профитабилна работа, но неопходно е да се има барем околу 100 овци за да се оствари заработката. Доколку немате пари за да купите големо стадо, или сте почетник во справувањето со овчарството, треба да почнете со мал број овци, 10-20 глави. Заработката од толку мал број на овци нема да биде веднаш забележлива, но со постепено зголемување на стадото, профитот ќе порасне.

Од 100 овци, можат да се добијат од 100 до 150 јагниња. Од продажбата на овие јагниња, можете да заработите неколку илјади евра. Јагнешкото месо е многу барано на пазарот, а и пласманот на јагнињата е добар. Исто така, од млечните производи, исто така може да се направи заработка, речиси исто како и од продажбата на јагниња.

Одгледувањето на овци, не одзема премногу време, што е уште една предност, ако сакате да се занимавате и со нешто друго освен со одгледување на овци. Искусните овчари велат дека за стадо од околу 100 овци не им требаат повеќе од 4 часа дневно. Исто така, за толкав број на овци, не е потребно да се ангажираат и дополнителен број на луѓе.

Добивање на субвенции

Субвенции можат да добијат оние кои поседуваат минимум 30 грла овци, и истите да ги чуваат до 31.10.2019 година. Субвенциите се 1000 денари од грло, додека за оние со над 100 овци, субвенцијата изнесува 1100 денари по грло.

За задржано женско јагне, субвенциите изнесуваат 700 денари по грло, истото треба до 31.10.2019 година да биде на возраст од 6-18 месеци.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *