Овче Поле нема да остане пустина, но земјоделците ќе мора да се преориентираат

Вести

Благодарение на двата хидросистеми, Злетовица и Брегалница, Овче Поле нема да стане пустина, а со тоа и нема да се обвистинат предвидувањата на експертите од ОН од пред 10-тина години.

Сепак, агрономите предупредуваат дека климатските промени се чувствуваат, посебно во месец јуни, кога последните неколку години се регистрирани повисоки температури и влажност на воздухот, што се главен предуслов за појава на болести кај посевите. Тоа значи дека земјоделците ќе мора сериозно да пристапат кон промена на сеидбените планови и кои култури ќе бидат застапени.

-Претежно треба да водат сметка да применуваат сорти отпорни на стопански најзначајните болести, да внимаваат на локациите на кои ќе ги засадуваат своите посеви, независно дали се работи за едногодишни или повеќегодишни насади, се со цел да ги намалат трошоците на производство, а со тоа да станат поконкурентни на пазарот-изјави професор Васко Златковски, Земјоделски факултет – УГД.

Следењето на модерните текови во земјоделието значат и соодветна обука на земјоделците, на кој план изминативе 30 години не е направено речиси ништо. Бесплатна стручна помош им стои на раполагање преку Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството која има свои експозитури во секој град и поголемите рурални места, меѓутоа и на самите стручни лица им недостасува осовременување на знаењата, а средства за оваа намена се уште се минимални.

-Им треба информација за да донесат квалитетна одлука. Во светот, тој триаголник помеѓу истражувањето, науката и примената е поврзан во еден круг, а тоа е земјоделецот, кој што, ќе употребам еден груб термин, го „бомбардираат“ земјоделецот со информации, а единствен надлежен за носење одлуки е самиот земјоделец и никој друг-изјави Златковски

Не придржувањето кон новите мерки ги води во загуба не само земјоделците, туку и државата, зашто како краен резултат ќе имаме зголемен увоз на храна, додаде Златковски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *