Овоштарство – календар за месец април

Вести Овоштарство Совети

Овој месец започнува интензивната заштита на растенијата кај овошните видови.
Првиот третман, во текот на самиот почеток на вегетацијата има за цел да не се дозволи масивен развој на болестите и штетниците. Исто така, во овај период почнува и обработката на почвата за уништување на плевелите.

Малини – во овој период се јавува Малиновата Буба. Штета предизвикуваат и ларвите и возрасните единки, па затоа борбата против неа треба да биде навремена.

Јаболка – полека се јавува опасноста од пепелница и чадлива краставост. Со цел тоа да се спречи препорачливо е да се користат комбинирани фунгициди кои што делуваат и на двете болести истовремено.

Цреши и вишни – на почетокот на самото цветање треба да се испрска со регистриран фунгицид против монилија, а веднаш по прецветувањето се препорачува прскање против сачменка. Доколку на стеблата од дрвата се забележи земја, таа треба внимателно да се отстрани и направените рани да се премачкаат со овоштарски восок.

Јагоди – овој период е време за садење на јагоди. Растојанието помеѓу редовите треба да биде 30 – 40 см, а во редовите 15 – 20 см.

 

„Современо Земјоделство“

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *