Овошките успешно ги пребродија критичните денови во април

Вести

Овошките успешно го пребродија критичниот период од месец април, бидејќи немаше измрзнување во деновите од 20 со 24 април, кога во полн ек е цветањето на јаболката, крушите, црешите и останатите овошки. Овоштарите се надеваат дека природата допрва нема дополнително да им приреди некое изненадување.

-Можеме да бидеме задоволни од развојот на временската ситуација месецов, бидејќи немаше драстичен пад на температурите, кога јаболката, крушите и црешите се во полн ек на цветање, што може крајно негативно да се одрази врз нивниот натамошен развој, како што тоа се случи во четири од последните пет години. Сега можеме да се посветиме кон тековните активности во овоштарниците, редовно да ги прскаме , кога треба да ги наводнуваме и да очекуваме родот да биде подобар споредено со претходните неколку години, кога собравме јаболка и круши колку за свои потреби, но не и за продажба – вели Миле Стојкоски овоштар.

Тој не очекува природата да се сврти против нив, бидејќи последните неколку години поради глобалното затоплување временските прилики станаа непредвидливи и несоодветни за месеците во кои се случуваат.

Слични размислувања слушнавме и од други овоштари од регионов, кои изминативе неколку дена ги сметаат за пресвртни во равојот на нивните овоштарници.

Извор: МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *