Пачешкоски: Започна пријавувањето на вишокот тутун во Прилеп

Вести

Во зградата на МЗШВ од задната страна се пријавува вишокот на тутун. 

Според Зоран Пачешкоски, раководител на ПЕ на МЗШВ Прилеп, направена е посебна канцеларија во зградата на подрачната единица од надворешната страна каде по сите здравствени протоколи ќе се врши пријавувањето на вишокот на тутун.

„Покрај во подрачната единица, тутунарите вишокот на тутун може да го пријават и кај поверениците на откупните пунктови“, изјави Пачешкоски, кој додаде дека се порценува од 2 до 4 милиони килограми вишок тутун.

Што се однесува до потребните документи за пријавување потребни се:

-ИДБР- идентификационен број од земјоделското стопанство

-Име и презиме од тутунарот, производител

-телефон за контакт

-количина на вишокот на тутун.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *