Пазарот на кафе – од каде доаѓа и кој го пие?

Вести

Како го преферирате кафето наутро? Од италијанско еспресо до виетнамско кафо со јајце (познато како „ca phe trung“), подготвено од жолчка и кондензирано млеко – изборот многу зависи од тоа каде ќе се разбудите, пишува „ВВС“.

Се повеќе и повеќе луѓе пијат повеќе кафе, отколку кога било досега, според Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Но, која земја е најголемиот производител? И кој пие најмногу кафе и каде луѓето најмногу го купуваат?

Водечките производители на кафе

Кафето е едно од најпопуларните пијалаци во светот и се произведува во повеќе од 50 земји.

 

Бразил е најголемиот производител на кафе во светот. Во 2017-2018 година, земјата произведе повеќе од 51 милион вреќи (60 кг) со зрна од кафе. Вториот најголем производител во светот е Виетнам.

Во 2016-2017 година Индија, која исто така е еден од најголемите производители во светот, има произведено 5,8 милиони вреќи со зрна од кафе, а соседна Шри Ланка има произведено 33 илјади вреќи.

Некои далеку помали земји се клучни производители. Хондурас, на пример, минатата година произведе повеќе од 8,3 милиони вреќи за кафе и е една од водечките земји-извозници. Според податоците на Фондацијата „Fairtrade“ над 125 милиони луѓе во светот зависат од кафето за живот, а околу 25 милиони плантажи на ситни сопственици произведуваат 80% од кафето во светот.

„Fairtrade“ е вид сертификат кој им гарантира на корисниците дека можат да го следат потеклото на зрната кафе, а земјоделците добиваат загарантирана минимална цена за кафе. Фармерите на „Fairtrade“ произведуваат 560,900 тони кафе годишно, кои се доволни за производство на над 58,9 милијарди единечни кафиња еспресо.

Иако има над 100 различни видови кафе, Арабика и Робуста се најпроизведените и најпродаваните.

Кој пие најмногу?

Во однос на потрошувачката на кафе во само две земји по лице е над 10 кг. по лице – Финска и Шведска, според Меѓународната организација за кафе.

Финците пијат најмногу кафе годишно – 12,5 кг. по лице. Другите скандинавски земји се исто така меѓу првите пет, можеби затоа што луѓето имаат потреба од чаша ароматични пијалаци за да преживеат во студените денови.

 

Топ 10 земји за кафе се во Европа, додека најголем дел од најголемите производители на кафе во светот се наоѓаат во земјите во развој, бидејќи имаат добра клима за одгледување.

Идеалните услови за одгледување на кафе растенија се среќаваат во т.н. „зрнест појас“ од двете страни на Екваторот, меѓу Повратникот на Јарецот и Повратникот на ракот (23 степени северна географска ширина до 23 степени јужна ширина).

Ни САД, ниту Велика Британија не се меѓу првите 20 земји што користат кафе од земјите како што се Хрватска, Франција и Литванија.

Кој најмногу плаќа?

Синџирот на снабдување на кафе е комплексен. Зрното поминува од производителите до трговците, од луѓе кои го обработуваат, до извозниците, и на крај од пекарите до трговците на мало.

Значи, промената на цената на кафето може сериозно да влијае на цените за земјоделците, производителите и потрошувачите.

 

Според Меѓународната организација за кафе, британските потрошувачи најмногу платиле за ароматичниот пијалок во 2016-та година – 16,29 долари за половина фунта испечено кафе.

Следат жителите на Малта со 13,33 долари и Италија со 7,45 долари за половина килограм свежо печено кафе.

Полските љубители на кафе платиле најмалку за дневната доза на кофеин – 3,17 долари.

Топ брендови

Пиењето чаша кафе на патот кон канцеларијата стана секојдневен ритуал за многумина вработени ширум светот. Според истражувачката компанија „Allegra Strategies“ во 2017-та година во Европа имало над 22.700 брендирани институции и над 27.900 во САД.

 

Компанијата од Сиетл – „Starbucks“ е рангирана на прво место во САД со повеќе од 13.500 места. „Costa Coffee“ е најголемиот синџир во Европа со 2.755 ресторани, по што следуваат „Starbucks“ со 2.406.

Иако традиционално е позната како земја на љубителите на чајот, Велика Британија прифатила 7.421 брендирани установи за кафе во 2017-та година. Бројот на местата во земјата се зголемил за 643 во минатата година, што е најголем пораст во Европа.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *