Од 25 до 30 килограми мед по пчелно семејство очекуваат одгледувачите на пчели во претстојната производна сезона. Се надеваат на добра година зашто условите засега се поволни.
– Пчелните семејства добро се развиваат поради што и предвидуваме дека ќе го достигнеме просекот од добрите години кога произведувавме по 25 – 30 килогрими. Ако временските услови дозволат, не е исклучено да произведеме уште повеќе, до 50 килограми, па дури и 100 колку што е максимумот кај нас, вели претседателот на Регионалниот пчеларски сојуз Менде Трајковски.
Според него, лани беше една од најлошите години, со два до пет килограми мед по пчелно семејство во просек.