Петстотини лозари побаруваат 850.000 евра за грозје предадено во 2015 година

Вести Лозарство

Петстотини лозари побаруваат 850.000 евра за грозје предадено во 2015 година. Со оглед дека винаријата во Кавадарци која своевремено беше отворена со германски капитал отиде во стечај, утре дел од лозарите ќе заминат за Гостивар, за да присуствуваат на судското рочиште, беше одлучено на денешниот координативен состанок.

-Тие 850 илјади евра се однесуваат на основен долг, камати и други трошоци кои лозарите ги направија, барајќи да си ги наплатат тешко заработените пари. Рочиштето е во Гостивар, зашто седиштето на компанијата, од Кавадарци беше префрлено таму, вели за МИА претседателот на Здружението „Напредни лозари” од Кавадарци, Трајче Кулев.

Кулев нагласува дека како здружение, во изминатиот период интензивно работат на тоа да ги наплатат сите пари кои производители на грозје ги побаруваат од одделни винарски визби. Станува збор за стари долгови за грозје откупено од пред неколку години.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *