Пигмејска коза – ситна ама динамитна

Вести Совети Сточарство

Пигмеjската коза, првично наречена и камерунска џуџеста коза, потекнува од Африка. Во Европа,  ги донеле Британците за време на колонизацијата, а сега се зоолошки жители низ цела Европа, каде што се изложени како егзотични животни. Во првата половина од минатиот век била извезена во САД, за потребите во зоолошките градини, но и за истражувачки цели.

Како изгледа оваа егзотична коза? Дали и нејзините особини се егзотични?

Оваа коза спаѓа во категоријата на мали кози, има кратки нозе и изразен стомак. Може да достигне тежина од 23кг до 34кг, а додека јарецот од 27кг до 39кг, а висината им е од 41см до 58см. Поради нивната големина, тие стануваат популарни како миленичиња и животни за изложби, и поради тоа, тие исто така можат да бидат добар почеток за сериозно занимавање со козарство. Нејзиното влакно може да биде со различни бои, освен бела.

И покрај малиот раст на пигмејските кози, во однос на нивната големина, можат да дадат голема количина млеко, а месото им е многу вкусно. Лесно е да се хранат, бидејќи тие се преживари, се хранат со треви, билки и дрвенести растенија. Бидејќи, не бараат многу,  можат да се одгледуваат и во градските подрачја. Тие секогаш мора да имаат свежа вода, во спротивно нема да ја пијат. Не се препорачуваат за луѓе кои се занимаваат со одгледување на овошје или одгледување на некои други растителни видови, бидејќи овие мали кози, ако не се контролирани, може да предизвикаат голема штета. Се прилагодуваат на секаква клима.

Што се однесува до сместувањето во објектите, треба да им се обезбеди штала, доволно голема, со вентилација и под со доволно слама. Во зима, чистење е поретко, со цел сламата да им служи како изолатор. Ако зимата е поладна, може да се вметнат и помали волнени простирки.

Нежна и разигрна – пигмејска коза

Имаат мирен темперамент и карактер, тие се пријателски настроени и се идеален за деца, бидејќи сакаат да се забавуваат, да играат на отворено и да скокаат. Тие всушност сакаат да се во друштво  на други животни, без разлика дали од нивниот вид или од некој друг: добро се сложуваат и со други домашни миленици. Пигмејската коза е многу лојална, ако кон неа се однесувате со внимание. Можете дури да научите неколку трикови, што бара повеќе време и трпение.


 „Современо Земјоделство“


Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *