ФАО: План за борба да се осигура глобално снабдување со храна за време на кризата COVID-19

Вести

Главниот економист на ФАО ги мапира начините на кои светот може да ги ублажи шоковите врз земјоделството и системите за храна.

 

Пандемијата COVID-19 го доведе светот во криза, со невидени активности за рестрикција на движењата и планови за радикално распоредување на јавните средства за борба против заканата од новиот коронавирус, кој не знае за граници. Успехот ќе бара кохерентни и стабилни планови за нашите системи за храна. Главниот економист на ФАО, Максимо Тореро Кулен, објаснува во кој правец можат земјите да размислуваат и да ги развијат овие планови.

Бидејќи повеќе земји усвојуваат политика на затворање за да ја го запрат ширењето на вирусот и да ја ублажат кризата COVID-19, дали постои ризик дека ќе снемаме храна?

Краткиот одговор е да и не. Постои тој ризик, но имаме многу начини да ја намалиме неговата веројатност, и колку побргу ги прифатиме, толку повеќе можеме да избегнеме влошување на глобалната здравствена криза. Засега, полиците на супермаркетите се добро снабдени. Но, веќе можеме да видиме како притисоците од затворањето на границите, почнуваат да влијаат на синџирите на снабдување, како што е забавување во испораките. Прекините, особено во областа на логистиката, би можеле да се материјализираат во наредните месеци. Владите спроведуваат големи кампањи против коронавирусот, а плановите за борба треба да вклучуваат мерки насочени кон намалување на ударите врз нивните ланци за снабдување со храна. Тие треба да се одржуваат во живот, за сите, а особено за најранливите, имајќи предвид дека императивите за јавно здравје бараат сите да соработуваат, и оттука мора да биде можно за сите. Значи, долгиот одговор, така да се каже, е не, затоа што не можеме да си дозволиме да направиме грешки кои би ја влошиле моменталната ситуација.

Кој е првиот чекор?

Координираните политики ги опфаќаат сите чекори, но дозволете ми да го истакнам приоритетот на зајакнување на капацитетите за итна помош во храна и зајакнување на безбедносните финансиски механизми за ранливите популации. Училиштата се затвораат низ целиот свет, што значи дека 300 милиони деца ќе ги пропуштат училишните оброци, што за многумина од нив веќе беа критични извори на хранлива храна. Згора на тоа, мерките за изолација водат кон отпуштања и намалени приходи, при што многу семејства имаат проблем да обезбедат храна на маса. Овие домаќинства имаат потреба од пари повеќе од било што друго.

Еднократни плаќања, како што се користат на пример во Хонг Конг и Сингапур, или повеќекратни парични трансфери, користејќи постојни програми, како што е програмата SNAP во Соединетите Американски Држави или потегот на Кина за забрзување на плаќањата на осигурувањето за невработеност, се соодветни. Перу ги таргетираше ранливите групи со засилување на парична помош за оние над 65 години. Во некои контексти, ќе биде ефективен мораториум на даноците и хипотекарните кредити, како што Италија нуди во пакетот „Heal Italy“. Важно е ваквите мерки да бидат стабилни и веродостојни, бидејќи предвидливоста е неопходна во ситуација кога работниците се принудени да останат дома и физички дистанцирани. Банките за храна и напорите на хуманитарните и невладините организации, исто така, можат да бидат мобилизирани за испорака на храна.

04 September 2017, Skopje, Macedonia – A man selling fresh produce in a green market in Skopje.

Која е улогата на глобалната трговија со храна?

Глобалната трговија со храна мора да продолжи. Една од секои пет калории што ја јадат луѓето минале барем една меѓународна граница, што е за 50 проценти повеќе во споредба со пред 40 години. Земјите со ниски и средни приходи сочинуваат околу една третина од светската трговија со храна, што значајно придонесува и за приходите и за благосостојбата. Земјите што зависат од увозна храна се особено ранливи на забавување на обемот на трговијата, особено при пад на нивната валута. Додека малопродажните цени на храната најверојатно ќе пораснат насекаде, нивното влијание е поизразено кога се тие ненадејни, екстремни и непостојани, и таму кадешто трошоците за храна учествуваат со поголем удел во буџетите на домаќинствата и каде нагло покачување може да има долгорочни ефекти врз човечкиот развој и економската продуктивност во иднина. Земјите треба веднаш да ги разгледаат опциите за трговија и даночна политика – и нивните можни влијанија – и да соработуваат за да создадат поволно опкружување за трговија со храна. Политиките во форма на повисоки даноци за извоз или целосни забрани за извоз од страна на некои земји, кои се појавија за време на глобалната криза со цените на храната во 2008 година, мора да бидат спречени. Тие имаат тенденција да создаваат реакции на копирање и ги влошуваат работите за секого, не само за помалите трговски партнери. Отворената глобална трговија со храна помага во одржувањето и функционирањето на пазарите на храна. Всушност, тоа ќе помогне да се стабилизираат светските пазари на храна ако привремено се намалат штетните тарифи за увоз, нетарифните трговски бариери и даноците на додадена вредност. Во најмала рака, сите ние мора да ја примениме Хипократската заклетва на лекарите.

Што е со домашните пазари?

Несомнено, најголемиот дел од активностите на снабдување со храна се одвиваат во земјите. Но, сè уште има ланци на снабдување, кои во случајот на земјоделците се сложена мрежа на интеракции која вклучува земјоделци и работници на фармите, клучни суровини како што се семиња, ѓубрива и ветеринарни лекови, погони за преработка, дистрибутери, малопродажба и повеќе. Глобалната пандемија брзо ќе ги исцрпи ваквите мрежи, па за да се спречи недостаток на храна, мора да се вложат напори истите да бидат заштитени и да функционираат ефикасно. Додека сите знаеме дека овошјето коешто ќе остане ненабрано или непродадено ќе се расипе, слични интерактивни временски ограничувања се вообичаени и по должината на ланецот на снабдување. На крајот на денот, земјоделците нема да произведуваат она што никој не може да го купи, па тука станува збор и за достапност и за пристапност. Безбедноста на вработените во системот за храна е од огромно значење, така што неопходно е да се обезбедат здравствени мерки на лице место, зајакнување на политиките за боледување, упатства и можности за физичко дистанцирање, а истото важи и за секторот за испорака на храна. Повеќе од една четвртина од работата на фарма ја вршат мигранти, така што за да се избегне недостиг од работна сила, треба да се забрзаат визните протоколи, без оглед колку контраинтуитивно тоа може да изгледа сега. Исто како што здравствените работници во првите редови се поздравуваат како херои, оние што ја сочинуваат критичката инфраструктура на нашиот систем на храна заслужуваат признание и благодарност, а не стигма и запоставување, во овие несигурни времиња. Во меѓувреме, посетите од надвор во производствените капацитети, магацините и пазарите на големо треба да бидат забранети. Крајните точки на продажба, како што се супермаркетите, започнаа да намалуваат работни часови и да го ротираат персоналот, додека расте примената на безконтактните услуги за испорака. Платформите за е-трговија имаат огромен потенцијал како што се покажа во Кина.

Што е со малите земјоделци?

Парадоксот на гладот на глобално ниво е дека, и покрај нивната активност, малите земјоделци во руралните области на земјите во развој се несразмерно изложени на ризик од несигурност на храна, со ниски приходи како главна причина за тоа. Би било трагично доколку тој проблем стане уште поголем, а нивната способност за производство на храна се намали, во време кога се обидуваме да се осигураме дека снабдувањето со храна е достапно за секого. Затоа, креаторите на политики мора да обрнат внимание на малите земјоделци. Она што го знаеме – и го видовме за време на блокадите во Западна Африка за време на кризата со ебола – е дека ограничувањето на движењата и затворањето на патиштата го спречува пристапот на земјоделците до пазарите – и за да купуваат суровини и за да продаваат производи. Ограничувањата исто така ја намалуваат достапноста на работна сила во клучните сезонски периоди. Како последица, свежите производи ќе се акумулираат без да се продаваат, што ќе доведува до загуби на храна, и загуба на приходи за оние што ја произведуваат. Ова е двојно поизразено во Африка, каде снабдувањето со храна на континентот веќе е загрозено од пустинските скакулци. Друга поента овде е дека она што досега го видовме е исклучителен пораст на купување трајна храна. Во Италија побарувачката за брашно се зголеми за 80 проценти. Конзервирана храна се купува во изобилие. Сепак, поради психологијата и ограничувањата на движењето, докажано е дека потешко се продаваат свежи производи и риба, и поради тоа што потешко се складираат за идна потрошувачка. Па, што да се прави? Привремени готовински средства за помош на сиромашните земјоделци се неопходни, како и грантови за рестартирање на производството. Банките можат да се откажат од надоместоците за заеми на земјоделците и да ги продолжат роковите за отплата; може да се вбризга капитал во земјоделскиот сектор за да им помогне на малите и средни агробизниси – и нивната работна сила – да останат во живот. Владите можат за време на вонредна состојба да набавуваат земјоделски производи од малите земјоделци за потребите на стратешки резерви за итни хуманитарни цели. Затворањето околу градот Вухан во Кина ни нуди неколку лекции. Т.н. кошница за зеленчук, формирана уште во 1988 година, беше вратена на сила, овозможувајќи им на урбаните жители пристап до свежи и хранливи производи, а истовремено приход на приградските фарми во близина. Во некои провинции, локалните самоуправи одговорија на тесните грла во кланиците со централизирање на дејноста и плаќање на трошоците за ладење за да ги одржат во живот активностите со добиток и за да се осигури достапна храна за сите оние кои не можат да ги напуштат своите домови.

Дали сте оптимист?

Ние мораме и ќе ја преживееме пандемијата на коронавирус. Но, мора да ја разбереме – сега – огромната штета што преземените мерки за борба против неа ќе му ја нанесат на нашиот глобален систем на храна. ФАО располага со многу експертиза за овие прашања и може да им помогне на земјите на кои им е потребно брзо советување за политики. Работејќи заедно, можеме да ја ублажиме ситуацијата и треба да го сториме тоа. Примена на мерките споменати погоре и активната меѓународна соработка може да им помогне на сите држави во заедничката борба.

ЛИНКОВИ:
A battle plan for ensuring global food supplies during the COVID-19 crisis http://www.fao.org/news/story/en/item/1268059/icode

FAO policy brief: COVID-19 and the risk to food supply chains. How to respond
http://www.fao.org/3/ca8388en/CA8388EN.pdf

Q&A: COVID-19 pandemic – impact on food and agriculture
http://www.fao.org/2019-ncov/q-and-a/en/

FAO and COVID-19
http://www.fao.org/2019-ncov/en/

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *