Плодна земјоделска соработка меѓу Македонија и Италија

Вести

На денешната средба на министерот Љупчо Николовски, со Амбасaдорот на Република Италија, во Република Македонија, Карло Ромео, ја потенцираа плодната соработка помеѓу двете земји во областа на земјоделството и обостраниот интерес за понатамошно продлабочување во нови области кои досега не биле опфатени со тековните проекти во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Италија, обезбедува значајна техничка поддршка преку бројни #Twinning проекти во рамки на #ИПА инструментот, во органското производство, маркетингот и квалитетот на земјоделските производи, безбедноста на храна, ветеринарната и фитосанитарна политика. Преку повеќе #TAIEX програми, обезбедена е експертска помош во процесот на прилагодување на земјоделството кон заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Амбасадорот Ромео, истакна дека Италија, останува верен партнер на Македонија, во остварувањето на идните приоритети на Владата, во областа на земјоделството. Министерот Николовски, ги потенцираше главните приоритети на #МЗШВ, со акцент на поголемо искористување на европските фондови преку #ИПАРД, јакнење на капацитетите на шумската полиција и законите кои се во фаза на подготовка.

На средбата беше договорено да се потпише Меморандум за соработка во кој ќе бидат содржани сите обласи од взаемен интерес и да се утврди датум на потпишување.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *