Учеството на меѓународните саеми за храна и земјоделство се одлична можност за промоција на македонските земјоделски производи, поврзување на македонските со странските компании од агросекторот, како и за отворање на нови пазари за нашите производи.
По 10 години, Македонија со сопствен штанд претставена на најголемиот саем за храна “Зелена недела“ во Берлин.
На саемот за храна и земјоделство Зелена Недела #GreenWeek, што деновиве се одржуваше во Берлин, странските делегации на македонскиот штанд имаа можност да ги вкусат традиционалните македонски земјоделски производи и храна, но и да се запознаат со туристичките можности што ги нуди нашата земја.
Посетители од цел свет ги дегустираа нашите традиционални производи. На штандот имаше и македонски ресторан од Берлин каде се готви македонска национална храна.
„Современо Земјоделство“